Поддршка за проектот на Капитенот од Доне Прентоски

//Поддршка за проектот на Капитенот од Доне Прентоски

Поддршка за проектот на Капитенот од Доне Прентоски

Велат дека реката ги добива своите карактеристики од пределот низ кој тече а човекот од местото во кое е роден и пораснат. Корените, спомените и нераскинливата врска со огништето е посилна и од годините и од далечините.

Најдобро ова го потврдува г-динот Доне Прентоски кој е родум од струшко Мислешево а судбината го однела во Германија. Многу лета од својот живот ги поминал таму, верифицирајќи ја својата трудољубивост и чувство за напредок со што постигнал многу. За работникот велат работа има секаде, a големината на човекот е во давањето и делењето. Врската со татковината г-динот Прентоски ја одржува со години како голем поддржувaч на културата, традицијата и спортот. Несебично давајќи од своето за своите и знајни и незнајни.

Негова Струга одамнина е позната како град на ракометот а таа традиција се пренесува генерациски. Следејќи го развојот на ракометот, успесите на капитенот Лазаров, отворањето на неговата школа за ракомет и феноменалниот проект “Ракометен камп Кирил Лазаров 7”, г- динот Прентоски пројави желба да создаде уште подобри услови за развојот на КЛ7 Струга. Тоа денеска го официјализираше со потпишување договор со што по кој знае кој пат ја покажа својата љубов кон родината насочувајќи ја во вистинските вредности , децата и спортот.

2019-02-19T12:20:15+00:00 February 19th, 2019|Струга|0 Comments