Убедлива победа на пионерите на КЛ7 Струга

//Убедлива победа на пионерите на КЛ7 Струга

Убедлива победа на пионерите на КЛ7 Струга

Најмладата селекција на КЛ7 Струга ја забележа осмата победа во пионерската лига и успеа да го задржи првото место во групата, место кое води на финалната завршница

Пионерите убедливо ги совладаа своите врсници од Охрид, екипата на РК Сани 14 со резултат 12:27.

Натпреварот започна со серија од 0:3 на КЛ7 Струга, домаќините успеаа за момент да се вратат во игра и да дојдат до резултат 4:6, но потоа повторно следеше нова серија на Струга од 1:6 и за конечните по првите 20 минути игра, 5:12.

Второто полувреме продолжи во истото темпо, разликата се зголемуваше за максимална разлика од  15 погодоци и конечни 12:27

Во следното нашата екипа ќе биде домаќин на РК Охрид 2013

РК Сани 14 – КЛ7 Струга 12:27 5:12

КЛ7 Струга: Галевски, Мишевски 5, Дуноски 2, Џигероски, Негриески 3, Стрезоски, Христоски 2, Бочески 5, Ѓорговски 5, Стрезоски 1, Затуроски, Мемед 1, Ѓоргиески 1, Шипинкароски 1, Домазетоски 1

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин Црвен картон: Борче Христоски

2019-02-17T08:41:59+00:00 February 17th, 2019|Струга|0 Comments