Прв пораз по 345 дена: КЛ7 Струга денеска совладан во Скопје

//Прв пораз по 345 дена: КЛ7 Струга денеска совладан во Скопје

Прв пораз по 345 дена: КЛ7 Струга денеска совладан во Скопје

Екипата на КЛ7 Струга го забележа својот прв пораз оваа сезона и прв пораз после 345 денови игра. Последниот пораз на нашата младинска екипа беше на 11.03.2018 против екипата на РК Вардар со резултат 26:27  Од тој момент одигравме 15 натпревари каде забележавме 13 победи и два нерешени натпревари.

За крај на оваа серија денес се погрижи РК Металург 2 каде беше засилен со нашиот македонски репрезентативец од последното СП во Германија и Данска, Мартин Серафимов и тројца интернационалци.

Сепак нашите момци не се предадоа лесно и одигра одличен натпревар, каде му правеа многу проблеми на домаќините. Иако водството беше на страната на РК Металург 2 сепак резултатски бевме блиску се до крајот на првото полувреме каде противникот ги искористи нашите грешки и успе да дојде до максимални пет разлика и да заминат со 16:11 после 30 минути игра.

Долгата клупа на РК Металург 2 беше причина да продолжат во ист ритам и да не дозволат изненадување од КЛ7 Струга, па на крај натпреварот заврши со максимални 10 голови разлика. 33:23.

После овој пораз остануваме на втората позиција, која носи пласман на финалната завршницата. Во следното коло нашата екипа го пречекува РК Прилеп 2010

РК Металург  2 – КЛ7 Струга  33:23 (16:11)

КЛ7 Струга: Петрески, Дуноски, Џигероски 4, Попоски 1, Јовчев, Гучески 4, Христоски, Пајкоски 3, Галевски, Симоноски 8, Матоски, Мишевски, Ѓорговски 1, Стојков 1, Стрезоски 1 и Бочески.

Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

2019-02-18T10:07:32+00:00 February 17th, 2019|Струга|0 Comments