КЛ7 Кисела Вода блиску до победа

//КЛ7 Кисела Вода блиску до победа

КЛ7 Кисела Вода блиску до победа

Пинерите на КЛ7 Кисела Вода беа многу блиску да ја забележат својата прва победа оваа сезона и тоа против минатогодишниот учесник на завршницата во пионерската лига, екипата на РК Аеродром.

Видовме возбудлив натпревар каде се играше гол за гол и екипите неколку пати се менуваа во водството. Први го отворивме ние натпреварот со 1:0 па потоа следеше и првото водство на Аеродром 1:2, така беше се до крајот на првото полувреме каде гостите заминаа со минимална предност од 9:10

Во второто полувреме нашите момци одлично играа во одбраната и нападот и ги користеа грешките на противникот, па на три минути пред крајот успеаа да дојдат и до водство од 20:18. Последните минути му припаднаа на РК Аеродром кои знаеаа да го искористат неискуството на нашите млади пионери и да ја однесат победата со резултат 20:21

КЛ7 Кисела Вода – РК Аеродром 20:21 9:10

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Д. Василевски, Андреески, Блажевски 3, Ниновски 2, Д. Пасковски 2, Проданов, Богоевски 1, М Паскоски, О. Василевски, Продановски, Тричковски 3, Зафировски 7, Николовски 2, Дупљак, Петровски.

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8 мин

 

2019-02-17T17:57:32+00:00 February 17th, 2019|Скопје|0 Comments