Две победи и еден пораз за пионерските селекции на КЛ7

//Две победи и еден пораз за пионерските селекции на КЛ7

Две победи и еден пораз за пионерските селекции на КЛ7

Овој викенд се одигра првото коло од пионерската лига во втората полусезона. Нашите пионерски селекции кои се натпреваруваат во оваа пионерската лига забележаа две победи и еден пораз. Екипите на КЛ7 Струга и КЛ7 Свети Николе забележаа победи додека КЛ7 Кисела Вода е поразена

КЛ7 Струга забележа победа против екипата на РК Преспа Вардар со резултат 24:17. Пионерите од Струга успеаа да го скршат отпорот на гостите во вториот дел. Првото полувреме му припадна на екипата на Ресен каде во поголемиот дел од натпреварот водството беше на нивна страна. Потоа видовме подобра одбрана од Струга каде успеаа за 20 мин да примат само четири, а да  постигнат 11 погодоци.

КЛ7 Струга – РК Преспа Вардар 24:17 13:13

КЛ7 Струга: Галевски, Мишевски 10, Дуноски 3, Џигероски, Негриески, Стрезоски, Пинтонски, Христоски 1, Бочески 2, Кочоски, Шапески, Ѓорговски 3, Стрезоски, Затуроски, Мемед, Ѓоргиески 5.

Седмерци: 0/1 Исклучувања: 6 мин

КЛ7 Свети Николе ја забележа својата четврта победа во пионерската лига на Македонија. Овој пат ја совладаа екипата на РК Велес 2009 со резултат 13:19

Победникот беше познат уште од стартот на натпреварот каде нашите пионери за брзо време се „одлепија“ со недостижни со 8 голови разлика. Во второто полувреме следеше мало опуштање, но домаќините најмногу што успеаа да направат е да дојдат до четири голови разлика, но нашите момци постигнаа два брзи погодоци и ги поставија конечните 13:19

КЛ7 Свети Николе – РК Велес 09 13:19 3:11

КЛ7 Свети Николе: Станоев 5, Тодосов 2, Т. Атанасов, Тодоров, Крстев 1, Иванов 1, К. Атанасов, Петров, Спасевски, Арсевски, Ангеловски, Стаменков, Стефановски,  Буровски 4, Велков 6

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 4 мин

Нов пораз на нашата најмлада пионерска екипа КЛ7 Кисела Вода, но со голем напредок во играта во однос на претходните натпревари. Пораз е забележан од екипата на РК Драчево со резултат 22:13

Иако натпреварот започна возбудливо гол за гол, сепак следеа серија грешки на нашата екипа,  домаќините знае како да го искористат тој период и да поведат со осум голови разлика на крајот од првото полувреме, 13:5.

Во второто полувреме одигравме многу подобро во одбраната и нападот па натпреварот го завршивме со 22:13.

Одличен натпревар имаше Блажевски Стефан каде успеа да постигне дури 10 погодоци

РК Драчево – КЛ7 Кисела Вода 22:13 13:5

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Дупљак, Д.Василевски, Ѓошевски, Блажевски 10, М.Пасковски 1, Богоевски, Тодоров, О.Василевски, Продановски, Тричковски , Зафировски, Д.Пасковски 2, К.Николовски и Г.Николовски.

Седмерци: 0/1 Исклучувања: 2 мин

 

2019-02-11T11:03:50+00:00 February 11th, 2019|Главни Новости|0 Comments