Вчера битолските школи на капитенот имаа ден за натпревари

//Вчера битолските школи на капитенот имаа ден за натпревари

Вчера битолските школи на капитенот имаа ден за натпревари

Со отворањето на КЛ7 во Битола овој град уште еднаш покажа колку ракометот овде се сака. Имено од септември до сега во двете школи на капитенот во Битола и една во Новаци членуваат преку 100 деца. Тие вчера имаа ден за натпревари.

Во спортската сала на ОУ Климент Охридски е одигра мини турнир помеѓу КЛ7 Новаци, КЛ7 “Коле Канински” и КЛ7 ” Климент Охридски”.

Тренерите Борче Марковски и Кирил Атанасовски успешно го организираа овој турнир на кој освен играње ракомет имаше многу дружење, забава, развивање на натпреварувачки дух, фер плеј игра и запознавање нови другарчиња.

Турнирот помина во одлична атмосфера и во најдобар ред.

2018-12-24T16:39:49+00:00 December 24th, 2018|Главни Новости|0 Comments