КЛ7 КУП Исток: Преубави дружења и многу возбудливи ракометни натпревари

/, Главни Новости, Св. Николе, Стојаково, Чешиново-Облешево/КЛ7 КУП Исток: Преубави дружења и многу возбудливи ракометни натпревари

КЛ7 КУП Исток: Преубави дружења и многу возбудливи ракометни натпревари

Школата на Капитeнот и овој викенд ги продолжи натпреварите во рамки на својот интерен мини КУП, со кој преку 1000 деца имаат можност да покажат што научиле. Вчера во Свети Николе се одржа вториот КЛ7 КУП Исток. Во него учествуваа нашите дечиња кои се дел од КЛ7 од Богданци, Чешиново-Облешево, Делчево, Стојаково и домаќинот Свети Николе.

Како и секогаш одлична организација, преубави дружења и многу возбудливи ракометни натпревари. Ентузијазмот и професионалноста на нашите тренери Лилјана Новоселска -Трпчевска, Илија Јанев, Илија Конев, Драган Пешевски, Евица Стојанова направија децата да покажат што научиле на редовните тренинзи а воедно да го истакнат натпреварувачкиот дух кој секое дете го носи во себе. Тие беа поделени во тимови според возраста и местото од кое доаѓаат.

“Свети Николе фала за гостипримството и браво за организацијата. Убаво е чувството кога сите тие лица се насмеани и “жедни” за игра… Навистина убаво поминат ден”, изјави тренерот Стојанова која дојде со своите ракометари од Чешиново-Облешево.

Благодарност до тренерите светиниколчани изрази и нашиот тренер кои ја води школата на капитенот во Стојаково и Богданци, Лилјана Новоселска Трпчевска:

“Големо БЛАГОДАРАМ за топлите домаќини, за организацијата, поминавме ден во знакот на ракометот, детската игра, дружење и вистинско пријателство. Со почит и најголем поздрав за вистинските вредности”

Децата имаа и голема публика, нивните другарчиња кои исто така беа во тимовите кои се натпреваруваа. Секако и родителите од кои школата на капитенот секогаш има подадена рака. Не случајно сите ние сме едно големо семејство. И кога така се поставени работите тогаш победници сме сите.