Градското дерби му припадна на КЛ7 Струга

//Градското дерби му припадна на КЛ7 Струга

Градското дерби му припадна на КЛ7 Струга

Пред неполни три месеци, во кадетска конкуренција, екипите на КЛ7 Струга и РК Струга одиграа вистинско дерби, а вчера бевме сведоци на ново дерби, овој пат меѓу пионерите на истите екипи.

Иако ова натпреварување е за деца родени 2002 и помали, односно за ракометари кои сега ги имаат своите почетоци во ракометот, вчера видовме натпревар кој беше исполнет со одлични потези, акции и моменти кои потсеќаат на Супер лигата. Не изостана и возбудата во полниот спортски центар „Тими“, за тоа се погрижија момците од КЛ7 Струга кои со гол во последната секунда ги однесоа сите бодови на овој натпревар

Дека ќе гледаме возбудлив и израмнет натпревар се покажа уште во првото полувреме во кое се играше гол за гол, а екипите се менуваа во водството до максимални еден гол разлика, за после 20 минути игра резултат да гласи 11:11.

КЛ7 Струга второто полувреме го започна покоцентирано и многу брзо ги превзема контролата и резултатот, најпрво со водство од 16:13. Но, потоа следеа серија грешки на младите ракометари на КЛ7, кои РК Струга знаеше како да ги искористи и во последната минута израмни на 18:18.

Последниот напад му припадна на КЛ7 Струга, кој успешно го реализираше Емилијан Ѓорговски во последната секунда. Тоа беше неговиот деветти погодок и беше најдобар стрелец на овој натпревар

КЛ7 Струга останува единствената непоразена екипа и е на врвот во пионерската лига, група 3. Следниот викенд нашите пионери  гостуваат во Битола кај екипата на Еурофарм Работник.

КЛ7 Струга – РК Струга 19:18 (11:11)

КЛ7 Струга: Исмаилоски, Галевски, Мишиевски 3, Дуноски 1, Џигероски, Негриески, Кочоски, Христоски, Шулески 1, Јованоски, Ѓорговски 9, Стрезоски, Затуроски, Ѓоргиески 3, Бочески 2, Чакар.

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.

2018-12-03T13:39:47+00:00 December 3rd, 2018|Струга|0 Comments