КЛ7 Куп Запад: Струга домаќин на повеќе од 150 деца идни ракометари

/, Охрид, Струга/КЛ7 Куп Запад: Струга домаќин на повеќе од 150 деца идни ракометари

КЛ7 Куп Запад: Струга домаќин на повеќе од 150 деца идни ракометари

Ракометна Струга вчера беше домаќин на 150 деца идни ракометари кои се дел од школата на капитенот од Струга, Охрид и Битола. Овие градовите го сочинуваат КЛ7 КУП Запад во чии рамки се одиграа натпревари помеѓу 12 тимови во спортската сала на училиштето “Јахја Кемал”.

Љубовта кон најпопуларниот спорт во Македонија уште еднаш ја потврдија овие дечиња од ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ кои со нетрпение го очекуваа вчерашниот ден. Да покажат и тие што научиле во изминатиов период како и сите нивни другарчиња од останатите делови од Македонија кои се во состав на Куповите Исток, Север и Југ кои веќе ги завршија натпреварите.

Насмевките на детските лицата покажуваа колку денот им беше посебен. Иако овие натпревари се без резултатско значење добар дел од децата за прв пат го почувствуваа натпреварувачкиот дух и тимската игра.

Домаќин беше стружаните Дејан и Ѓоко Коцарески, а според впечатоците на гостите тренери, овој КУП КЛ7 Запад децата ќе го помнат уште долго. Охридските деца од школата на капитенот ги предводеа тренерите Наум Јамандиев и Наташа Попоска Карче а децата од битолската школа КЛ7 тренерот Борче Марковски. Тимовите беа формирани според возраста на децата.

Благодарност до нашите тренери и нивните родители за несебичната поддршка во организација на КЛ7 КУП Запад. Вчерашната слика од салата ветува дека ракометот на овие простори има добра иднина.

Се гледаме во сала

2018-12-02T08:18:11+00:00 December 2nd, 2018|Главни Новости, Охрид, Струга|0 Comments