КЛ7 Кисела Вода поразен од фаворитот Металург

//КЛ7 Кисела Вода поразен од фаворитот Металург

КЛ7 Кисела Вода поразен од фаворитот Металург

Нашата млада екипа од Кисела Вода вчера беше високо поразена од фаворитот во пионерска лига, екипата на РК Металург.

Иако добро го започнавме натпреварот во првите 10 минути и бевме рамноправен противник, сепак тоа беше се што видовме од пионерите на КЛ7 Кисела Вода.  Следеа серија грешки и Металург дојде до недостижна разлика од 13:4 на полувреме.

Пионерите доста неискусно го отворија второто полувреме и му дозволија на противникот  да постигне дури 18 погодоци за само 20 минути.

Следниот натпревар за нашите пионери е во недела против екипата на Ангели Волково од 19 часот.

Металург – Јуниор КВ  31:7 (13:4)

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Дупљак, Суљовиќ 1, Д.Василевски, Ѓошевски, Ниновски 1, М.Пасковски 1, Александров, Тодоров, О.Василевски, Продановски, Тричковски 2, Зафировски 1, Д.Пасковски 1, К.Николовски и Г.Николовски.

Седмерци: 1/3    Исклучувања: 6 минути.

2018-12-01T19:41:21+00:00 December 1st, 2018|Галерија|0 Comments