Во четвртото коло од пионерската лига на РФМ се сретнаа екипите на КЛ7 Свети Николе и РК Астраион од Струмица. Видовме одличен и возбудлив натпревар каде двете екипи реализираа по едно полувреме во своја корист
Првото полувреме му припадна на екипата од Струмица која успеа да го заврши со водство од 8:10. Во второто полувреме за брзо дојдоа до предност од максимални 9:12. и кога сите мислеа дека средбата ќе заврши со победа за гостите, тогаш следеше одличен период на КЛ7 Свети Николе каде не само што успеа да се врати од негативата(13:13) и да поведе со 19:17.
На крајот на средбата РК Астраион имаше повеќе концентрација и успеа да извади бод од гостувањето во Свети Николе со конечен резултат 21:21
Во следното коло нашите момци ќе гостуваат во Кавардарци против екипата на ГРК Тиквеш 2014
КЛ7 Свети Николе – РК Астраион 21:21 8:10
КЛ7 Свети Николе: Станоев 5, Тодосов 2, Зафиров 1, Т. Атанасов, Трајчев, Крстев, Иванов, Цековски, К. Атанасов, Алексовски 3, Спасевски, Арсевски, Ангеловски 4, Стаменков, Стефановски, Буровски 6.
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин