Жан Митрев Клиник медицински партнер на селекцијата КЛ7 Кисела Вода

//Жан Митрев Клиник медицински партнер на селекцијата КЛ7 Кисела Вода

Жан Митрев Клиник медицински партнер на селекцијата КЛ7 Кисела Вода

Најмалата пионерска екипа во Македонија „КЛ7 – Кисела Вода” која од оваа сезона е дел од официјалните првенства на РФМ за свој медицински партнер ја има поддршката од д-р Жан Митрев и неговиот тим.

Најдобриот кардиохирург роден на овие простори уште еднаш ја потврди својата големина и како индивидуа но и како менаџер на здрaвствена устaнова која е лидер во својот професионализам и вистински пример за општествена одговорност.

Соработката со д-р Митрев и светското ракометно име Кирил Лазаров започна пред 5 години кога “Жан Митрев” Клиник стана официјален партнер на Ракометниот камп на капитенот. Соработката се прошири со отворањето на школата за ракомет КЛ7 која освен своето присуство во 18 места во Македонија има и свои младински селекции.

За здрaвјето на нашите мали ракометари ќе се грижи големиот тим на д-р Митрев.

2018-11-24T19:03:17+00:00 November 24th, 2018|Главни Новости|0 Comments