КЛ7 Струга ја продолжи серијата, четврта победа по ред

//КЛ7 Струга ја продолжи серијата, четврта победа по ред

КЛ7 Струга ја продолжи серијата, четврта победа по ред

КЛ7 Струга ја забележа четвртата победа по ред во пионерската лига на РФМ откако денеска со 9-23 го совладаа тимот на РК Енхалон.

Младите пионери на КЛ7 Струга од самиот старт наметнаа силно темпо против екипата на Енхалон па по првите 20 минути игра резултатот гласеше 5:14.

Идентично второ полувреме каде разликата само растеше, па на крајот од натпреварот Негриески ги постави конечните 9:23.

Најдобар стрелец денеска беше Мишески со седум постигна погодоци, а на голот одличен беше Галевски кој успеа да го запре противникот на само девет погодоци.

По четири одиграни кола КЛ7 Струга останува на првата позиција со максимални 12 бодови. Во следното коло следува дерби натпреварот со екипата на РК Струга.

РК Енхалон – КЛ7 Струга 9:23 5:14

КЛ7 Струга: Галевски, Мишески 7, Дуноски 5, Џигероски, Негриески 1, Христоски 1, Шулески 5, Тутенкоски, Јованоски, Стрезоски, Затуроски, Мемед, Ѓоргиески, Бочески 4, Чакар, Шипинкароски.

Седмерци: 6/6 Исклучувања /

2018-11-24T20:14:21+00:00 November 24th, 2018|Струга|0 Comments