КЛ7 Струга со нова победа во младинската лига

//КЛ7 Струга со нова победа во младинската лига

КЛ7 Струга со нова победа во младинската лига

КЛ7 Струга ја продолжи успешната серија во младинската лига откако забележа победа во Скопје против екипата на РК Пролет 62 со 19:21.

Интересен и возбудлив натпревар проследивме во спортската сала „Македонско сонце“ каде дури 14 пати резултатот беше израмнет,екипите неколку пати се менуваа во водството.

Видовме две идентични полувремиња каде ниту едната екипа немаше контрола на натпреварот, при крајот на првото полувреме КЛ7 Струга успеа да поведе со два разлика и да оди на пауза со 9:11

После седум минути игра од второто полувреме, екипата на Пролет успеа да се врати во игра и да поведе со 14:13. Потоа следеше игра каде се играше гол за гол, но во финишот КЛ7 Струга беше подобрата екипа и успеа натпреварот да го добие со 19:21.

Последниот натпревар за оваа календарска година во младинска категорија е против екипата на  Еурофарм Работник

РК Пролет 62 – КЛ7 Струга 19:22 9:11

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Дуновски, Мишески, Џигероски 4, Попоски 1, Јовчев, Гучески 2, Христоски 2, Шулески, Симоноски 11, Бочески, Конев, Стојков 2, Стрезоски.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин

 

2018-11-19T08:13:18+00:00 November 19th, 2018|Струга|0 Comments