КЛ7 Струга подобар во дербито со Охрид

//КЛ7 Струга подобар во дербито со Охрид

КЛ7 Струга подобар во дербито со Охрид

Во дуелот на непоразените во пионерската лига, КЛ7 Струга успеа да забележи важна победа на гости против РК Охрид 2013 со резултат 16:18

Избраниците на Дејан Коцарески доста искусно за брзо време ја преземаа контролата на натпреварот и резултатот, па после 10 минути игра КЛ7 Струга поведе со 2:6, а на крајот од првиот дел 5:10.

На почетокот од второтo полувреме со голот на Дуноски дојдовме до максимални шест голови разлика и кога очекувавме дека разликата само ќе се зголемува, следеше серија на Охрид од 6:1 и за кратко време се врати неизвесноста на натпреварот. Но КЛ7 Струга возрати со два брзи погодоци што значеше мирен финиш и победа од 16:18.

Одличен на голот на КЛ7 Струга беше Иван Галевски кој собра 13 интервенции и беше наш најдобар поединец на ова дерби

Нареден натпревар против екипа на РК Енхалон ќе се одигра во сабота

РК Охрид 2013 – КЛ7 Струга 16:18 5:10

КЛ7 Струга: Галевски, Пинтоски, Шипинкароски, Мишески 5, Христоски 3, Исмаилоски, Шулески 2, Шапески, Дуноски 2, Ѓорговски 2, Јованоски, Стрезоски, Затуроски, Мемед, Ѓоргиески 1, Бочески 3.

Седмерци: 1/3 Исклучувања: 14 мин

2018-11-19T09:52:30+00:00 November 19th, 2018|Струга|0 Comments