Стружани останаа непоразени: На чекор до изненадување

//Стружани останаа непоразени: На чекор до изненадување

Стружани останаа непоразени: На чекор до изненадување

Вечерва во Струга видовме уште еден вистински дерби натпревар кој повторно беше на ниво на Суперлига. Нашите млади момци од КЛ7 Струга и по ова одложено коло остануваат непоразени во сите младински лиги. Одиграа нерешено против Металург 2 со резултат 25-25.

Тимот на Металург важеше за голем фаворит пред почетокот на натпреварот, екипа која се натпреварува во Првата лига и екипа во која настапуваат дури пет интернационалци, но на крајот можеме да жалиме што гостинот успеа да замине со бод од Струга

Првото полувреме се играше гол за гол и неколку пати екипите се менуваа во водството и на крајот од првиот дел КЛ7 Струга замина со предност од само еден погодок, 14:13.

Во вториот дел младите момци на КЛ7 Струга ја презедоа контролата на натпреварот и за брзо време успеа да поведат со 20:16. Но во финишот Металург успеа да ја казни нашата обрана која во два наврати беше со играч помалку па го сврте резултатот во своја корист 21:23. Потоа следеше брза серија од 3:1 за натпреварот да влезе во неизвесна завршница. Прво КЛ7 Струга со играч повеќе не успеа да реализира за водство, па потоа следеше казната од Металург каде успеаа да поведат со 24:25, за Џигероски да израмни на 25:25. На крајот двете екипи имаа шанса за победа, но КЛ7 Струга го имаше последниот напад кој не успееа да го реализираа за победа.

Двете екипи остануваат непоразени на врвот со по 13 бодови по пет одиграни кола. Во следното коло КЛ7 Струга ќе гостува во Скопје на екипата РК Пролет 62

КЛ7 Струга – РК Металург 2 25:25 (14:13)

КЛ7 Струга: Петрески, Матоски, Мишески, Дуноски, Џигероски 5, Попоски 1, Јовчев, Гучески 4, Христоски 2, Шулески, Симоноски 10, Бочески, Антов, Ѓорговски 1, Стојков 2, Стрезоски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин

2018-11-15T07:40:51+00:00 November 14th, 2018|Струга|0 Comments