Нова лесна победа на КЛ7 Струга во пионерска категорија

//Нова лесна победа на КЛ7 Струга во пионерска категорија

Нова лесна победа на КЛ7 Струга во пионерска категорија

КЛ7 Струга забележаа нова победа во пионерска конкуренција, овој пат лесно е совладана екипата на РК Сани со 28:11

Натпреварот беше одлична можност и за „помладите“ пионери, па така  Дејан Коцарески им даде шанса на сите играчи.

Иако на почетокот на натпреварот се играше гол за гол, сепак КЛ7 Струга успеа да направи серија од 10:1 и да се „одлепи“ уште во првото полувреме. Второ полувреме продолжи во ист ритам и разликата само растеше до конечени и максимални 28:11.

Дури 12 играчи успеаа да се запишат во листата на стрелци, а Славчо Шулески одигра одличен натпревар каде постигна шест погодоци.

КЛ7 Струга – РК Сани 28:11 14:5

КЛ7 Струга: Стрезовски, Шипинкароски 2, Џигероски 1, Негриески 1, Мишески 1, Христоски 1, Шулески 6, Тутенкоски 1, Ѓорговски 2, Стрезоски 4, Затуроски 4, Кочоски 1, Мемед, Бочески 4, Чакар.

Седмерци: 0/3 Исклучувања: 10 мин

2018-11-12T15:25:38+00:00 November 12th, 2018|Струга|0 Comments