Во Делчево се одржа првиот КЛ7 КУП

//Во Делчево се одржа првиот КЛ7 КУП

Во Делчево се одржа првиот КЛ7 КУП

Школата на Капитeнот отвара нова страница во својата работа со формирање на интерен мини КУП со кој ќе се овозможат редовни натпревари на преку 1000 деца кои се дел од истата. Ова еден чекор напред кон подигање на идејата  „Ракомет за секое дете“.

За прв пат децата од школата на капитенот од Свети Николе, Чешиново-Облешево и домаќинот Делчево одиграа меѓусебни натпревари. Истите поминаа во одлична атмосфера на меѓусебно задоволство на сите.

Ентузијазмот и професионалноста на нашите тренери Илија Конески, Евица Стојанова и домаќините Драган Пешовски и Бојана Ѓоргиевска направија децата да покажат што научиле во изминатиов период, а воедно да го истакнат натпреварувачкиот дух.

Ова е почеток на натпреварите кои ќе се играат во неколку региони групирани според местата во кои функционира КЛ7 низ целата земја.

Резултати:

Голема сала:
(м) Св. Николе 9 – 7 Делчево
(ж) Св. Николе 11 – 16 Делчево
(м) Св. Николе 26 – 7 Делчево
(ж) Делчево 19 – 8 Чешиново Облешево
(ж) Чешиново Облешево 8  – 17 Св. Николе

Мала сала
Чешиново Облешево 5 – 6 Делчево
Делчево 8 – 7 Чешиново Облешево
Делчево 18 – 18 Св. Николе

2018-11-11T09:24:33+00:00 November 11th, 2018|Галерија|0 Comments