Пионерите на КЛ7 Кисела Вода во подобро светло, недоволно за изненадување

//Пионерите на КЛ7 Кисела Вода во подобро светло, недоволно за изненадување

Пионерите на КЛ7 Кисела Вода во подобро светло, недоволно за изненадување

Во второто коло на пионерското првенство на Македонија, група 1, малите пионерите на КЛ7 Кисела Вода забележа нов пораз во далеку подобро издание и подобра игра против минатогодишниот финалист во пионерска конкуренција екипата на РК Аеродром со резултат 28-21.

Видовме две различни полувремиња, првото полувреме му припадна на РК Аеродром каде имаше одличен старт од 4:0 и игра која му донесе убедливо водство од 15-6 по првите 20 минути игра.

Во второто полувреме нашата екипа прикажа далеку подобра игра и беше подобар противник па на крајот натпреварот заврши со резултат 28:21.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Петар Зафировски кој постигна шест погодоци, а во второто полувреме се истакна и голманот Огнен Василевски.

РК Аеродром – КЛ7 Кисела Вода 28:21 15:6

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Василевски, Суљовиќ 2, Василевски, Трајановски, Ниновски, М. Пасковски 2, Александров, Тодоров, Продановски, Тричковски 2, Зафировски 6, Д. Пасковски, Николовски 5, Проданов 4, Панчевски

Седмерци: 1/3 Исклучувања: 2 мин

2018-11-11T17:14:02+00:00 November 11th, 2018|Главни Новости|0 Comments