КЛ7 Струга го изненади „суперлигашот“ Вардар Јуниор

//КЛ7 Струга го изненади „суперлигашот“ Вардар Јуниор

КЛ7 Струга го изненади „суперлигашот“ Вардар Јуниор

КЛ7 Струга со инзвонредна игра успеа да го совлада „суперлигашот“ Вардар Јуниор во младинска конкуренција. Во спортскиот центар Тими видовме одличен натпревар со одлични потези, од едната страна Вардар Јуниор кој се натпреварува во Суперлига, предводен на клупа од легендарниот Пепи Манасков а во игра неколку кадетски и младински репрезентативци, а од другата страна изненадувањето за оваа сезона КЛ7 Струга кој после три месеци игра останува непоразен во сите младински категории.

Нашите момци од самиот старт покажаа дека може да се надигруваат со „постарите“ младинци од Вардар Јуниор па натпреварот го отворија со серија од 3:0. Вардар Ј. успеа да се врати во игра со брзи два гола, но потоа следеше уште една серија на КЛ7 Струга од 7:3 за предност од пет погодоци. Успеавме да ја задржиме предноста на крајот од првото полувреме и се замина со резултат 14:8.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by На тренинг со Кирил Лазаров (@handball_kl7) on

Второто полувреме продолжи идентично за КЛ7 Струга, тврда игра во одбрана и одлична игра во нападот па ни ги донесе највисоките 20:11, што значеше мирен финиш на натпреварот. Гостите успееа да намалат на 24:20, но со брзи два погодоци ги поставивме конечните 26:20.

На голот на КЛ7 Струга „царуваше“ младиот Митко Петрески, кој не само што успеа да фати се што може дури и се запиша во листата на стрелци. Додека во нападот повторно одличен беше Симоноски кој имаше одлична подршка од Џигероски, брзите Гучески и Стојков и на линија „пионерот“ Христовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by На тренинг со Кирил Лазаров (@handball_kl7) on

КЛ7 Струга – Вардар Јуниор 26:20 (14:8)

КЛ7 Струга:  Петрески 1, Матоски, Дуноски, Мишевски, Џигероски 5, Попоски 2, Јовчев 1, Гучески 4, Христоски 1, Шулески, Симоноски 9, Бочески, Антов, Ѓорговски, Стојков 3, Стрезоски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.

2018-11-11T08:57:48+00:00 November 11th, 2018|Струга|0 Comments