Два од два за КЛ7 Свети Николе

//Два од два за КЛ7 Свети Николе

Два од два за КЛ7 Свети Николе

Екипата на КЛ7 Свети Николе ја забележа втората победа во пионерска конкуренција, овој пат совладана е екипата на Текстилец од Штип убедливо со 10:19

Иако домаќините добро го отворија натпреварот со 2:0 сепак тоа беше се што успеаа да направат на овој дуел. Но за брзо време КЛ7 Свети Николе ја превзема контролата на натпреварот со серија од 0:6. Разликата продолжуваше да расте за највисоки 6:13 по првите 20 минути игра.

Иако во второто полувреме видовме вкупно само 10 погодоци сепак КЛ7 Свети Николе ја имаше највисоката предност од 11 голови (8:19).

Најдобар стрелец на натпреварот беше Кирил Буровски кој постигна осум погодоци.

Во следното коло екипата РК Алушовски ќе биде наш гостин во Свети Николе

Текстилец – КЛ7 Свети Николе 10:19 (6:13)

КЛ7 Свети Николе: Станоев 4, Тодосов 1, Зафиров 4, Т. Атанасов, Тодоров, Крстев, Иванов, Цековски, К. Атанасов, Алексовски 2, Спасевски, Арсевски, Ангеловски 4, Стаменков, Стефановски,  Буровски 8.

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 2 мин.

2018-11-11T18:09:44+00:00 November 11th, 2018|Св. Николе|0 Comments