КЛ7 Струга со три бода се враќа од Прилеп

//КЛ7 Струга со три бода се враќа од Прилеп

КЛ7 Струга со три бода се враќа од Прилеп

Во четвртото коло од младинската лига, нашите младинци од КЛ7 Струга со победа се враќаат од тешкото гостување во Прилеп. Совладан е ланскиот кадетски шампион РК Прилеп со 28-35.

Дерби дуел кој нашите момци успееа да го добијат после 50 неизвесни минути. Првото полувреме се играше гол за гол, каде миналната предност цело време беше кај КЛ7 Струга, па на полувреме се замина со резултат 16-17, што гарантираше дека следува ново возбудливо продожение

Во второто полувреме КЛ7 успеа резултатски да се одвои(20-24), но за краток период домаќините повторно ја вратија незвеноста(24-25). Но со серија од 7-1 на КЛ7 Струга успеа да го скрши отпорот и да донесе нова победа, трета по ред во младинската лига.

И на овој натпревар повторно одлична „партија“ пружија нашите репрезентативци, Симоноски постигна 12, а Гучески 10 погодоци, додека на голот беше одличниот Петрески

РК Прилеп – КЛ7 Струга 28 -35 (16-17)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Матоски, Џигероски 4, Шулески, Попоски 3, Гучески 10, Христоски 1, Симоноски 12, Антов, Бочески, Ѓорговски, Стојков 5, Стрезовски, Мемед, Ѓоргиевски.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 8 мин.

2018-11-06T07:25:32+00:00 November 5th, 2018|Струга|0 Comments