Премиера на најмладите ракометари во пионерска категорија

//Премиера на најмладите ракометари во пионерска категорија

Премиера на најмладите ракометари во пионерска категорија

Денеска стартуваше првото коло од пионерската лига(генерација 2002) во машка конкуренција при РФМ. Вкупно се пријавени 32 екипи кои се поделени во 4 групи. Нашата екипа КЛ7 Кисела Вода која се наоѓа во првата група имаше прв настап на еден официјален натпревар.

Екипа која е една од најмладите селекции , (најмалиот играч кој настапи на вчерашниот натпревар, Виктор Панчевски е роден 2007) е
пријавена во РФМ и составена од нашата школа КЛ7, својот прв натпревар го играше против екипата на РК Драчево во општина Кисела Вода.

Иако нашите млади „пионери“ одлично го отворија натпреварот, по првите пет минути имаа водство од 2:1, но потоа противничката екипа ја превзема контролата на играта и со серија од 8:0 постави недостижна разликата за КЛ7 Кисела Вода. По првото полувреме резултатот гласеше 3:18 за РК Драчево.

Второта полувреме продолжи во ист ритам за гостинската екипа каде преку брзи контри ја зголемуваа разликата па ги поставија конечните 7:33.

Следниот викенд КЛ7 Кисела Вода ќе биде гостина на РК Аеродром

КЛ7 Кисела Вода – РК Драчево 7 : 33 (3:18)

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Василевски, Суљовиќ, Трајановски, Ниновски 1, Пасковски 1, Александров, Тодоров, Серафимовски, Василевски, Продановски, Тричковски 3, Зафировски 1, Николовски 1, Проданов, Панчевски

Седмерци: / Исклучувања: 2 мин

2018-11-04T10:20:34+00:00 November 3rd, 2018|Главни Новости|0 Comments