КЛ7 Струга ќе презими на врвот во кадетска конкуренција

//КЛ7 Струга ќе презими на врвот во кадетска конкуренција

КЛ7 Струга ќе презими на врвот во кадетска конкуренција

Кадетите на КЛ7 Струга го одиграа последниот натпревар за оваа календарска година во кадетската лига на РФМ.

Дуелот против РК Гостивар решаваше кој ќе „презими“ на врвот по првиот дел од ова натпреварување

Иако очекувавме дерби натпревар против екипата која беше само еднаш поразена во првиот дел од сезоната сепак КЛ7 Струга многу брзо го решија во своја полза овој меч. После воведните 2:2 следеше серија од 13:2 и водство кое беше недостижно РК Гостивар. По 20 минути игра шанса да го завршат натпреварот добија и помладите пионери кој само продолжија во истото темпо. Па на полувреме се замина со резултат 21:8

Второто полувреме продолжи во ист ритам каде видовме дури 37 погодоци на двете страни, па на крај конечниот резултат гласеше 43:23

Ова беше одлична шанса за дел од „кадетите“ да одморат за утрешниот натпревар против РК Прилеп во младинска конкуренција и шанса да се докажат помладите „пионери“ во понеделник во Ресен против РК Преспа Вардар.

КЛ7 Струга – РК Гостивар 43:23

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Џигероски 4, Шулески 4, Гучески 8, Христоски 1, Антов 2, Симоноски 4, Јованоски, Бочески 5, Ѓорговски 5, Стојков 3, Стрезоски 4, Затуроски 1, Мемед 1, Ѓоргиевски 1.

Седмерци 8/8 Исклучувања: 8 мин.

2018-11-03T18:34:09+00:00 November 3rd, 2018|Струга|0 Comments