Младинците КЛ7 Струга со победа се враќаат од дербито во Велес

//Младинците КЛ7 Струга со победа се враќаат од дербито во Велес

Младинците КЛ7 Струга со победа се враќаат од дербито во Велес

Втор натпревар за младинците на КЛ7 Струга и втора победа, овој пат совладата е екипата на ГРК Борец со 28:31 во неизвесен натпревар. Нашите младинци одлично се снајдоа покрај „суперлигашите“ од Велес и успеа да издвојуваат тешка победа во второто коло од младинската лига.

Повторно најдобри поединци беа нашите кадетски репрезентативци Џигероски, Симоноски, Гучески и Стојков кои заедно постигнаа 28 погодоци. Одличен на голот беше Петрески

Првото полувреме се играше гол за гол па водството, каде дури 11 пати резултатот беше израмнет. Па на  полувреме домаќините заминаа со еден гол предност (17:16)

Второто полувреме започна со мини серија на нашите млади момци од 3:0, успеаа да го преземат водството и да го задржат до крајот на натпреварот со резултат 28:31.

Следниот викенд во Струга е дерби натпревар каде КЛ7 ќе ја пречека екипата на Металург 2.

ГРК Борец – КЛ7 Струга 28:31 (17:16)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Матоски, Џугероски 10, Шулески, Пагоски 2, Гучески 7, Христоски 1, Симоноски 9, Конев, Бочески, Ѓорговски, Стојков 3, Стрезовски, Ѓоргиевски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин

2018-10-20T14:57:14+00:00 October 20th, 2018|Струга|0 Comments