Оваа година Делчево стана дел од нашата ракометна школа „Кирил Лазаров 7“, дванаесета по ред, со што Источна Македонија ја доби втората школа КЛ7 по онаа во општина Чешиново – Облешево. Тренери во школата на капитенот се Драган Пешовски и Влатко Димитровски.