Викендов ракометните ветерани си спомнаа за човекот кој од трибини дишеше за ракометот навивајќи за неговиот Пелистер, за неговата Македонија , легендата од публиката битолчанецот Мате Шундовски.
И како поинаку да се спомне за тоа време за тие години за тој човек ако не преку натпревар. А ги имаше многу, имиња кои оставија белег во своето ракометно време повторно беа на терен. Двата тима од кои едниот составен од некогашни репрезентативци и тимот од Пелистер и школата на капитенот Лазаров, КЛ7. И меѓу нив имаше наши репрезентативци кои со резултат 24 : 22 го совладаа репрезрнтативниот тим. Натпреварот беше атракција за публиката која ја надмина бројката од 1000 посетители.
Тренерите од Школата на Лазаров предводeни од Ѓоко Коцарески и првиот учител по ракомет на Кире, нашиот Илија Јанев, кој во знак на сеќавање на овој меморијален настан на покровителот на истиот г-динот Трифун Костовски му подарија дрес во името на Лазаров.
Дружењето продолжи и надвор од терен онака како што знаат ракометарите кога ќе се сретнат на едно место после толку многу години.