Вистинско дерби во Струга

//Вистинско дерби во Струга

Вистинско дерби во Струга

Денешниот ракометен натпревар во Струга навистина го оправда епитетот дерби помеѓу екипите на КЛ7-Струга и РК Струга во кадетска конкуренција, каде по голема борба на крајот двете екипи ги поделија бодовите

Се одигра третото коло од кадетската лига на РФМ(група 3) и се сретнаа две екипи од Струга. Видовме одличен натпревар на кој може да позавидат некои екипи од Супер лигата. Натпревар кој беше проследен од голем број гледачи во спортската сала при СОУ „Нико Нестор“. Гледачите беа сведоци на одлични акции, потезии и голови на голем број наши младински и кадетски репрезентативци.

Во првото полувреме видовме голема борба во еден тензичен натпревар, но ниту една од екипата не успеа да стигне до водство поголемо од еден гол разлика, иако двете екипи се менуваа во водството, сепак после 30 минути игра резултатот беше 13:13.

Во второто полувреме видовме многу подобра игра на КЛ7-Струга и почна да го диктира темпото на играта и резултатот. На сцена настапи нашиот кадетски репрезентативец Дејан Џигероски каде со неколку голови по ред донесе водство од три голови разлика, а за брзо и највисоки четири погодоци разлика (18:22). Следуваше пад во играта на нашите момци и РК Струга знаеше како да го казни тоа па со серија од 9:3 да го превземе водството и да дојде до сигурна победа. Но тука беше исто расположениот Кристијан Симоноски кој го однесе натпреварот во една неизвесна завршница.

Во последните минути следеа неколку брзи голови и грешки каде двете екипи испуштија шанса за победа, но на крајот можеби најправедно бодовите беа поделени.

РК Струга – КЛ7 Струга 30:30

КЛ7-Струга: Петрески, Дурацоски, Џигероски 8, Негриески, Гучески 4, Ристоски 1, Шулески, Намик 2, Симоноски 8, Постоловски, Ѓорговски 2, Стојков 5, Стрезовски , Мемед, Ѓорѓиески, Бочевски.

Седмерци: 4/3 Исклучувања: 12 мин

 

2018-09-16T20:00:08+00:00 September 16th, 2018|Струга|0 Comments