И децата родени под Шара сакаат ракомет

//И децата родени под Шара сакаат ракомет

И децата родени под Шара сакаат ракомет

Школата на капитенот во Тетово ги започна тренинзите

Ракометот како спорт број еден во Македонија своја приказна си има и во наше Тетово. Нова страница во неа од минатата година испишува и школата за ракомет “Кирил Лазаров 7”. Тренинзите за оваа сeзoна започнаа. Како што вели нашиот тренер Зоран Перовски децата со нетрпение го очекуваа враќањето во сала:

„После повеќе од 25 години ракометна апстиненција, децата од лани имаат можност преку нашата школа поблиску да се запознаат со ракометот, а сигурно во блиска иднина и да се издигне некое дете кое ќе биде доследна замена на нашиот капитен и ќе не претставува со гордост на патот кон нови победи и успеси, како што нашиот капитен не претставува сиве овие години. Се надеваме дека многу скоро, ке имаме чест, Лазаров да ја посети и неговата школа во Тетово. Сите дечиња што беа на тренинг со нетрпение чекаа да започнат тренинзите. Како и минатата година и оваа тренинзите се во средното Економско училиште. Чест е да се работи во школата на капитенот. Работиме со млади категории на деца родени 2006 и помлади. Желбата за ракомет е присутна кај сите, а интересот секојдневно расте”

Тренинзите во моментов се одржуваат два пати неделно. Многу повеќе информации на бројот 078 253 825

Се гледаме во сала !

2018-09-11T11:42:38+00:00 September 11th, 2018|Тетово|0 Comments