Висока победа на кадетите КЛ7-Струга

//Висока победа на кадетите КЛ7-Струга

Висока победа на кадетите КЛ7-Струга

Во првиот натпревар во кадетската лига (група 3), нашите момци од КЛ7-Струга ги совладаа своите врсници од РК Преспа Вардар со 40:22.

Натпревар во кој целосно доминираа кадетите од Струга, и ја имаа контролата на натпреварот. По првите десет минути игра веќе резултатот беше 12:5 за КЛ7-Струга. На полувреме се замина со стабилно водство од 20:9. Во текот на целиот натпревар водство растеше а тоа беше шанса, двоецот Матлиески Коцарески да има дадат шанса на сите играчи од составот.

Најдобар стрелец на натпреварот беше нашиот кадетски репрезентативец Кристијан Симоноски со десен погодоци, а Гучевски постигна осум погоди. Додека исто така одличен натпревар одигра многу „помладиот“ Емилијан Ѓорговски со седум погодоци

Следниот викенд ќе биде градското дерби против екипата на РК Струга.

РШ КЛ7 Струга – РК Преспа Вардар 40:22

КЛ7-Струга: Петрески, Џигероски 5, Негриески 1, Гучески 8, Шулески 1, Симоноски К. 10, Симоноски Ѓ., Постоловски, Ѓорговски 7, Стојков 3, Стрезовски 2, Мемед, Ѓорѓиевски, Бочевски 3, Чакар.

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 22 мин

2018-09-08T19:32:34+00:00 September 8th, 2018|Струга|0 Comments