Еден поинаков тренинг за денот на независноста

//Еден поинаков тренинг за денот на независноста

Еден поинаков тренинг за денот на независноста

Празникот на државноста, школата за ракомет “КЛ7”- Аеродром го одбележа со своите најмали и најнови членови и нивните родители на Водно.

Организирани од страна на нивниот тренер Иван Никчевиќ, тие направија прошетκа на трим патеката каде низ разговор и забава се запознаа со него, разговараа за значењето на денешниот датум и секако на омилената тема ракомет.

Активностите надвор од сала во школата на капитенот редовно се практикуваат низ цела Македонија, кога имаме интересен повод или се спроведуваат наменски. Ρакометот се тренира во сала, но се учи и надвор од неа. А дружењето на децата денес членови на школата утре можеби идни соиграчи се помни за цел живот.

 

2018-09-08T10:42:40+00:00 September 8th, 2018|Аеродром|0 Comments