Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ дел од првиот саем за неформално образование за деца и млади

//Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ дел од првиот саем за неформално образование за деца и млади

Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ дел од првиот саем за неформално образование за деца и млади

 Школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” викендов беше дел од настанот “После часови”, замислен како дружење, едукација и информирање на сите присутни за активностите на учесниците.

Свое загревање пред официјалниот старт на тренинзите кој ќе биде паралелно со почетокот на учебната година имаа нашите дечиња кои се веќе една година дел од школата на капитенот. Предводени од нивните тренери Иван Никчевиќ и Влатко Котески децата имаа можност пред присутните да одработат еден цел тренинг.

Настанот “После часови” се одржува за прв пат и беше замислен како неформално образовен дел кој треба да биде содржина од секојдневието на децата. Преку учење странски јазици, спортување и слични активности, со еден збор избор на широк спектар образовни и воннаставни програми. Учесници на настанот беа едукативни центри, спортски и рекреативни клубови, танцови студија, музички школи, центри за странски јазици, приватни образовни институции, игротеки.

2018-09-02T22:05:16+00:00 September 2nd, 2018|Главни Новости|0 Comments