Школата на капитенот во Богданци и Стојаково ја живее својата втора година

/, Стојаково/Школата на капитенот во Богданци и Стојаково ја живее својата втора година

Школата на капитенот во Богданци и Стојаково ја живее својата втора година

Дечињата на тренинзите уживаат учејќи ракомет

За Богданци ракометот бил и останува спорт број еден. Иако има само 6000 жиители овде сите го сакаат најпопуларниот спорт во Македонија, не само денес туку одсекогаш. Таа љубов на најмалите им ја продолжува и капитенот со отворање на своја школа преку ангажманот како тренер на најпознатата ракометарка родена во Богданци , нашата некогашна репрезентативка Лилјана Новоселска – Трпчевска.

“Работата со децата е уживање, преку тренинзите го негуваме, запознаваме и учиме ракометот. Чест ми е што македонскиот ракометен виртуоз Лазаров ми ја даде довербата мене, да бидам тренер на млади категори на дечиња, женски и машки од Богданци. Од самиот почеток се најави заинтересираност и љубов кон ракометот и со тек на време се повеќе растеше и се зголемуваше желбата за ракометот кај дечињата. Тоа дава дополнителен мотив за уште повеќе да го пренесеме ракометното знаење најдобро што умееме и секој ден исто така да се надградуваме и да го предаваме спортскиот дух , желбата да се истрае, оти само со истрајност, посветеност и дисциплина може да се дофати успехот и да се достигне сонот за врвен ракометар. Не е лесно но, ако веруваме доволно во себе, успехот нема да изостане. Талент, работа и само работа е единствена мерка за квалитет и радост на душата. За поздрав и почит е податокот што во Богданци на тренинг доаѓаат и неколку дечиња од Дојран. Тие редовно нижат километри само и само да тренираат ракомет! Браво и секоја чест ! Најголема почит за нив.” ни изјави тренерот Лилјана.

Тренинзите се одржуваат трипати неделно во салата на средното улилиште “Богданци”.

Стојаково е соседно место на Богданци а школата за ракомет ” Кирил Лазаров 7″ овде е предизвик за секое детенце.

“Стојаково е посебна приказна, на одговорност, дисциплина и работа. Децата дишат за да дојдат на тренинг. Златни се сите деца, задоволство е да се работи со нив. Групата ја сочинуваат 35 деца од кои најмалот ракометар има само 6 годинки”, не информираше тренерот Новоселска-Трпчевска.

И во Стојаково тренинзите се одвиваат трипати седмично во преубавата сала на ОУ” Кирил и Методиј”. Школата во овој дел од Македонија ќе започне да работи од стартот на новата учебна година.

Повеќе информации за сите заинтересирани може да добиете на бројот 078/203-339.

Се гледаме во сала!

2018-08-31T18:46:53+00:00 August 31st, 2018|Богданци, Стојаково|0 Comments