Од минатата година и Куманово стана член на семејството на школата на капитенот

//Од минатата година и Куманово стана член на семејството на школата на капитенот

Од минатата година и Куманово стана член на семејството на школата на капитенот

Уписите се во тек за сите деца од 7 до 15 години

Ракометната школа ” Кирил Лазаров 7 ” во слободарскиот град кој има силна истотија како од балканските војни така и од НОВ , отворена е минатиот септември. Во градот борец кој се наоѓа на 330 метри надморска височина на североисточниот дел од татковината, 40 деца ги учат основите на ракометната игра од нивните два тренера: Катерина Николовска и Валентина Николовска поранешни ракометарки на Куманово, а Катерина е и поранешна репрезентативка.

“Првенствено мораме да потенцираме дека нам ни представува особена чест и задоволство што сме дел од тимот на нашиот капитен кој представува синоним за македонскиот и светскиот ракомет. Нашата основна задача е преку спортот децата да се социјализираат, да совладаат што повеќе животни вештини и да ги подготвиме за работа и одговорност во заедницата. Свесни сме дека се работи за иднината на нашите деца и нивно правилно насочување во животот уште од најмали нозе. Во времето кое го поминуваме заедно, вложуваме максимален труд и работиме на нивното правилно развивање и изградување не само како спортисти туку и како личности. Спортот и ракометот ја има моќта кај децата да ја поттикне фантазијата и креативноста, па поради тоа големо внимание посветуваме на важноста од меѓусебно взаемно разбирање и логичното размислување, што ќе придонесе за подобрување на нивната психо-физичка вештина. Сепак во оваа работа најважно од се е пренесување на идејата дека треба да се дели заедничкото, да се почитуваат врсниците и правилата како во спортот така и воопшто во животот”, ни изјави нашата некогашна репрезентативка.

Гледајќи го бројот на дечиња кои пројавија интерес да учат во школата “КЛ7” се надеваме дека некое од нив ќе има своја страница во историјата на македонскиот ракомет. Децата со нетрпение ги очекуваат тррнинзите максимално се трудат да ги направат зададените вежби и да напредуваат секојдневно.

“Ние сме свесни дека одговорноста е преголема, но не се плашиме бидејки школата на нашиот капитен е организирана да работи стратешки, целно и уникатно со што ке бидеме препознатливи по нашата работа. Ние не сакаме никому да бидеме конкуренција, ниту да се споредуваме, отворени сме за соработка и сакаме да соработуваме со сите бидејки нашата главна цел е напредок на спортот и ракометот уште од најрана возраст,” додаде Катерина.

Наскоро ракометна школа на капитенот во Куманово ќе го има првиот тренинг за оваа сезона. Во тек се уписите за момчиња и девојчиња од сите основни училишта во општина Куманово, односно на деца од 7 до 15 години. Тренинзите ќе се одржуваат трипати во текот на неделата во салата СОУ „Перо Наков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“. Повеќе информации можете да добиете на бројот 077/ 724 425.

Се гледаме во сала !

2018-08-31T07:32:44+00:00 August 31st, 2018|Куманово|0 Comments