Лазаров: Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари, отворени сме за соработка со сите клубови во кои еден ден ќе играаат нашите деца

//Лазаров: Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари, отворени сме за соработка со сите клубови во кои еден ден ќе играаат нашите деца

Лазаров: Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари, отворени сме за соработка со сите клубови во кои еден ден ќе играаат нашите деца

Во новата сезона уште три нови општини ќе бидат дом на школата на Лазаров

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров својата мисија #РакометЗаСекоеДете преку отворање на школи низ Македонија ја започна официјално пред една година.

Преку школите во кои еден ден и Лазаров ќе биде постојано присутен, капитенот сака да и се оддолжи на татковината и на својот народ за целата поддршка која ја има во изминативе дваесетина години. Не случајно школите се отвораат и во рурални средини, бидејќи никој не знае дали во некое од тие места е роден и живее некој иден врвен ракометар. Кој работејќи дисциплинирано и посветено еден ден ќе ја почувствува тежината, одговорноста и обврската кон македонското знаме гордо носејќи го репрезентативниот дрес. Капитенот најавува уште три нови места во кои ќе започне со работа неговата школа, тоа се Делчево, Кисела Вода и Битола.

“Проектот ракометни школи низ територијата на Р. Македонија го започнавме точно пред една година. Нашата првична цел „Ракомет За Секое Дете“ успеавме да ја оствариме во побрз рок од предвидениот. Во повеќе од десетина места на сите страни во Македонија функционираме квалитетно на севкупно задоволство. Проектот бара голема посветеност, организација и енергија , и затоа како носител на истиот бескрајно сум благодарен на сите инволвирани во него. Функционираме како фамилија и се надевам во блиска иднина ќе имаме повеќе време за уште повеќе дружење, соработка но и големи иновации за напредок на школата. Затоа ќе ни биде потребна дополнителна енергија и поддршка од повеќе субјекти , за остварување на нашите цели и допринесување на уште поголеми квалитети во нашиот спорт, спорт број 1 во државава, ракометот. Направена е цврста и сигурна базa која ќе се дооформува во текот на годината што доаѓа. За одредено време низ системска работа и принципи ќе почнеме да работиме и на квалитет. Сего ова бара време, трпение и посветеност. Не сакаме во прво време на неталентираните деца да им ја одземеме можноста да тренираат ракомет и затоа подеднаква можност им даваме на сите.

„Вредно за истакнување е тоа дека за година дена веќе имаме неколку селекции кои се натпреваруваат со успех во младинските лиги на РФМ. Во мојoт роден град ќе функционира пионерска селекција, во Струга под „капата“ на КЛ7 ќе функционираат пионерска, кадетска и младинска селекција и во Скопје, во Општина Кисела Вода своите натпревари ќе ги одржува пинерската екипа КЛ7 Јуниор Кисела Вода. Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни не само ракометари – спортисти туку и на личности кои во иднина ќе бидат препознатливи од која школа потекнуваат и од каде излегле, а воедно ќе соработуваме со сите македонски клубови на кои ќе им бидеме на располагање, еден ден кога нашите деца ќе пораснат да ги отстапиме да играат во некој од тие клубови.”, изјавува Лазаров.

До сега се отворени школи во 11 места на сите страни на земјава во кои тренираат преку 500 деца, момчињата и девојчињата родени 2006/07 и помали поделени се во групи во зависност од возраста и познавањето на ракометот. Со нив се работи професионално според изработен план и програма прилагодени на нивните години. Во школата на капитенот децата учат ракомет, но и како правилно да го изодат патот до светот на возрасните, еден ден станувајќи индивидуи, дел од колективот ( општеството) кои ќе бидат пример за сите.

2018-08-27T14:22:48+00:00 August 27th, 2018|Главни Новости|0 Comments