Можеби идниот Лазаров е некое дете од нашата школа во Аеродром

//Можеби идниот Лазаров е некое дете од нашата школа во Аеродром

Можеби идниот Лазаров е некое дете од нашата школа во Аеродром

Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ – Аеродром подготвена за првиот тренинг

Ракометнaта школа на капитенот во Аеродром, продолжува со работа со почетокот на новата учебна година. И оваа сезона тренинзите ке се одржуваат во салата на ОУ „Блаже Конески“, која има извонредни услови за тренинг. Термините се од 19.00 до 20.00 часот, секој работен ден и од 09.30 до 11.00 часот во саботите. Двете групи се веке во формирање. Во првата ке се обучуваат идните ракометари родени 2006-2008, додека втората група ќе работи со деца родени 2009-2012 година. Групите се мешани, односно во секоја од нив може да членуваат и девојчиња. Бидејки се грижиме за квалитетот на обуката, бројноста на членовите во секоја група е ограничена за да може да се посвети доволно внимание на сите.

Некој рекол дека има многу тренери, а малку учители, затоа доколку вашето дете покажува интерес за ракометот и сакате да научи ракомет, вистинското место за тоа е ракометното школа на капитенот. Во општина Аеродром групите ги раководи професорот по физичко воспитание и поранешен ракометар, Иван Никчевиќ.

“Вистинскиот професионалец е професионалец на секое ниво. Нашето заштитно име, најдобриот ракометар кој оваа нација го дала, Кирил Лазаров, е токму тоа и стои зад овој проект и со огромното искуство несебично го помага. Кој знае, можеби неговиот наследник е токму некое од дечињата со кои работам овде. Децата го сакаат ракометот и радува податокот што од ден во ден нивниот интерес се зголемува. Уписите се веке во тек, а со тренинзи почнуваме во среда на 05 септември 2018 г, ни изјави тренерот Никчевиќ.

Телефон за контакт и информации за школата во Аеродром можете да добиете на бројот 078319162.

Се гледаме во сала!

2018-08-25T09:47:50+00:00 August 25th, 2018|Аеродром|0 Comments