Спортска “Кисела Вода” од септември станува дел од семејството КЛ7

//Спортска “Кисела Вода” од септември станува дел од семејството КЛ7

Спортска “Кисела Вода” од септември станува дел од семејството КЛ7

И децата од Драчево дел од школата на капитенот

Општина Кисела Вода е тринаесетата локација во која со првото училишно ѕвонче ќе почне да работи школата на капитенот. Можност да бидат дел од школата на најдобриот македонски ракометар на сите времиња ќе имаат и дечињата кои живеат во населба Драчево бидејќи тренинзите ќе се одржуваат во салите на основните училишта “Кирил Пејчиновиќ” (Кисела Вода) и во “Кузман Шапкарев” (Драчево).

Тренер ќе биде проф. Влатко Котески некогашен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а децата ќе тренираат три пати во неделата. Во овие две нови школи како и во останатите 12 кои ги има Лазаров низ републиката, можност да тренираат имаат сите дечиња кои наполниле 7 години и поголеми.

Во овој голем проект на капитенот и агенцијата КМГ Спорт, целта на школата КЛ7 е да се излезе во пресрет на безброј дечиња кои го сакаат ракометот да го научат, меѓусебно да се дружат, да стекнуваат добри навики кои ќе ги имаат за цел живот.

Спортот, во нашава приказна ракометарска топка наместо седење пред компјутер или играње на телефон, бидејќи нема ништо пополезно за развој на здраво тело и дух од спортувањето. Децата во ракометна школа “Кирил Лазаров 7” преку ракометот имаат физичка активност со која ја подобруваат психофизичката способност, се стекнуваат со работни навики, стануваат поодговорни кон самите себе и кон другите, добиваат и го зголемуваат чуството на колегијалност и заеднички дух.

Со тоа придонесуваме за подобра социјализација и градење на децата во идни спортисти, какви што се нивните идоли.

Уписите ќе почнат со почетокот на учебната година а можат да се пријавуваат деца од сите училишта на територија на општина Кисела Вода, за подетални информации може да се обратите на бројот 072 /205-959.

Се гледаме во сала!

2018-08-19T16:21:45+00:00 August 19th, 2018|Главни Новости|0 Comments