Македонија станува побогата со уште една школа на капитенот

//Македонија станува побогата со уште една школа на капитенот

Македонија станува побогата со уште една школа на капитенот

Во септември се отвора школа за ракомет “Кирил Лазаров 7” во Делчево

Некогаш Султанија и Царево Село денес Делчево е градот во кој капитенот ќе ја отвори својата дванаесета школа, со што Источна Македонија ја добива втората школа по онаа во општина Чешиново – Облешево која почна со работа минатата година. Кирил Лазаров својата мисија #РакометЗаСекоеДете преку идејата со отворање на школи низ татковината ја реализира чекор по чекор во соработка со Агенцијата КМГ Спорт со цел најпопуларниот спорт во Македонија да биде сеприсутен на сите страни од земјава.

Со огромен труд и внимание преку својот тренерски тим, тренинзи и натпревари децата да се насочат на здрав спортски живот во кој се развива натпреварувачкиот дух, другарството, спортскиот морал и почитување на противникот.

Познато е дека градот кој го носи името на гордоста на македонскиот народ – Гоце Делчев го сака ракометот. Тројца вљубеници во овој спорт ќе бидат тренери во школата на капитенот. Добро познати на делчевската спортска јавност, Драган Пешовски, Влатко Димитровски и Горан Димитровски.

Нивните очекувања се со отворањeто на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” да се подигне нивото на ракометот во источниот дел, децата да имат подобри услови за работа и поквалитетни прикажувања на ракометната игра, да излезат што повеке играчи со кои ќе се гордее Делчево со надеж некој од нив еден ден да го облече репрезентативниот дрес.
Тренинзите ќе се одвиваат во салите “Климент Охридски” и “Методи Митевски Брицо”, целна група ќе бидат децата родени од 2004 до 2009 (и помали). Дел од нив во школата на капитенот ќе ги направат своите први чекори во ракометот а дел од нив ќе ги усовршуваат своите ракометни познавања.

Сериозниот и совесниот пристап во работењето кој се одвива според планот и програмата на школата КЛ7 придонесува кон понатамошен напредок на младите ракометари. Сите деца од општина Делчево кои сакаат да се дел од школата на најдобриот македонски ракометар повеќе информации можат да ги добијат на бројот
071 350 949.

Се гледаме во сала!

2018-08-16T08:52:01+00:00 August 16th, 2018|Главни Новости|0 Comments