Децата од КЛ7 од македонскиот Ерусалим со нетрпение го чекаат почетокот на сезоната

//Децата од КЛ7 од македонскиот Ерусалим со нетрпение го чекаат почетокот на сезоната

Децата од КЛ7 од македонскиот Ерусалим со нетрпение го чекаат почетокот на сезоната

На 3 септември 60 охриѓанчиња повторно во сала

Школата за ракомет “Кирил Лазаров 7 ” во своите 11 места низ татковината го има и Охрид градот каде четири години почнувајќи од 2015 се одржува и интернационалниот камп на капитенот во кој секое лето доаѓаат преку 300 деца, меѓу нив и охриѓани. Дел од нив оние најмалите кои годинава беа наши кампери првиот контакт со ракометната топка го имаа преку членувањето во охридската школа на Лазаров која почна да работи под “диригентската палка” на нашиот почитуван професор по ракомет Наум Јамандиев.

“Ракометната школа на КЛ7 во Охрид функционира веќе година и половина и во неа членуваат 60 дечиња од 2005 год и помали. Поголемата група на дечиња родени 2005 до 2008 тренираат во училишната сала во основното училиште ,,Григор Прличев”, додека помалата почетничка група или група за иницијација родени 2009 и помали тренираат во салата при основното училиште ,,Христо Узунов”.

„Се трудиме на децата да им понудиме квалитетен тренажен процес со разновидни вежби и игри, а од оваа година и повеќе натпревари со другите школи од градот и Македонија. Се обидуваме да сoздадеме позитивна атмосфера и кохезија на членовите преку најразлични активности, планинарење, општествено одговорни активности кои се добри за децата од педагошки аспект”, ни изјави професорот Јамандиев.

Со помалата група во Охрид работи некогашната и се уште актуелна ракометарка ветеранка Наташа Попоска Карче. Децата со нетрпение го очекуваат првиот тренинг кој ќе го имаат со почетокот на новата учебна година на 3 септември. Сите заинтересирани за нови уписи повеќе информации можат да добијат на бројот 075585868.

Се гледаме во сала!

2018-08-14T17:38:22+00:00 August 14th, 2018|Охрид|0 Comments