Македонија е во полуфинале, победа во последната секунда

//Македонија е во полуфинале, победа во последната секунда

Македонија е во полуфинале, победа во последната секунда

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија со третата победа по ред осигура пласман меѓу четирите најдобри на ЕХФ-шампионатот, дивизија Б што се игра во Тбилиси, Грузија.

Во драматичен натревар Македонија ги совлада Фарски Острови со 30-29. Во фото-финиш Ненад Костески во последната секунда и ја донесе оваа значајна победа на Македонија.

Иако во текот на целиот натпревар нашиот противник ја имаше контролата на играта и во поголем дел од натпреварот го имаше водството, екипата на Данило Брестовац во крајот на натпреварот успеа да биде поприсебен и да ја однесе победата.

Во последните три минути од натпреварот влеговме со негатива од два гола, но најпрво Џигероски асистираше за Симоноски кој намали на еден гол негатива, а една минута подоцна Серафимов успеа да израмни на 29-29.

Вистинската драма започна во последните десет секунди каде Никола Кизиќ успеа да одбрани седмерец на Фарски Острови и да обезбеди најмалку реми за Македонија потоа во брз напад Џигероски успеа да го пронајде Костески и да постигне гол во последната секунда

Најeфикасни на овој натпревар беа Серафимов со девет погодоци, Костески со шест, Џигероски и Кондев со пет и Симоноски со три погодоци, репрезентативци кој беа дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Македонија и Швајцарија во меѓусебен дуел утре од 11:00 часот, ќе одлучат за победникот во групата односно кој ќе заврши на првото место.

Македонија – Фарски Острови 30:29 (16:16)

Сала: Олимписка во Тбилиси. Судии: Ивес Шолс од Холандија и Сигурд Томасен од Белгија. Делегати: Исгандар Асгаров од Азербејџан и Шломо Коен од Израел.

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ (14 одб., 2 сед.), Василевски, Тодески, Божиновски , Карапалески 1, Каковски 1, Кондев 5, Серафимов 9, Митиќ, Костески 6, Ѓорѓиев, Џигероски 5, Анѓелковски, Ќосевски, Витанов, Симоноски 3.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 8 мин.

 

2018-08-13T11:55:18+00:00 August 13th, 2018|Главни Новости|0 Comments