Школата за ракомет КЛ-7 Струга во новата сезона има селекции во сите категории

//Школата за ракомет КЛ-7 Струга во новата сезона има селекции во сите категории

Школата за ракомет КЛ-7 Струга во новата сезона има селекции во сите категории

„Подготовките започнаа од 4 август, уписите на нови членови се во тек“

Струга е еден од ретките градови во Македонија во кој што децата спонтано се собираат не за да играат фудбал или кошарка туку ракомет. Не случајно, со оглед на традицијата и големите имиња од ракометот кои се родени во градот на студениот Дрим. Ракометот е љубов и за 80 деца кои се дел од школата на капитенот КЛ-7 Струга, која ја отвори и третата работна сезона.

Подготоките почнаа на 4-ти август и на почеток ќе се тренира со засилен интензитет два пати на ден и ќе биде ангажиран и кондиционен тренер.

“Освен двете групи за обука ‘помала’ и ‘поголема’ оваа година имаме пријавено селекции во сите категории и тоа: пионери, кадети и младинци. Значи имаме преку 80 деца, машки и девојчиња од 6 до 18 години и со новиот упис од септември очекуваме таа бројка да расте. Струга важи за ракометен град со долга ракометна традиција и успеси посебно во делот на обука и едукација на млади категории во кој дел е еден од најтрофејните градови во државата. Во претходната сезона КЛ-7 Струга со својата пионерска и младинска екипа беше учесник на Ф4 каде го освои четвртото односно третото место, и од тие редови имаме и четворица кадетски репрезентативци. Припремите почнаа на 4-ти август и на почеток ќе се тренира со засилен интензитет два пати на ден и ќе биде ангажиран и кондиционен тренер. Потоа тренинзите ќе продолжат во стандардниот ритам каде комбинирано во салите “ТИМИ” и “Нико Нестор” повозрасните категории ќе тренираат секој ден, додека ‘малата група’ (6-9 год) продолжува во термините понеделник, среда и сабота, а ‘големата’ (10-13) тренира во вторник, четврток и сабота”, ни изјави Дејан Коцарески кои работи со двете групи обука т.е. со школата , тренер кој во новата сезона ќе ја преземе и пионерската селеција.

Со кадетската и младинската екипа останува професорот Јаков Матлиески. Координатор кој ќе биде вклучен во сите групи и категории ќе биде Ѓоко Коцарески. За последните двајца нема што многу да се зборува кога се знае дека низ нивни раце поминале сите поранешни и сегашни репрезентативци кои доаѓаат од Струга.

“Струшката публика го сака и познава ракометот и среќни сме што во овој проект на КМГ Спорт и капитенот Кирил Лазаров се препозна здрава средина каде што децата не само што ќе ги направат првите чекори во ракометот туку преку овој спорт ќе се изградат во здрави личности”, додаде Коцарески.

Најмалечките стружани од школата на капитенот тренинзите ќе ги имаат со почетокот на учебната година, односно од 3 септември. Сите информации за уписите и тренинзите можат да добијат на 078432286.

Се гледаме во сала!

2018-08-06T12:57:14+00:00 August 6th, 2018|Струга|0 Comments