Заврши распустот на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” од Свети Николе

//Заврши распустот на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” од Свети Николе

Заврши распустот на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” од Свети Николе

„Децата од школата се повторно во сала“

Школата за ракомет “Кирил Лазаров 7” од Свети Николе градот во кој порасна македонската ракометна икона Кирил Лазаров е првата школа која е дел од школите на капитенот. Од почетокот на оваа седмица тренинзите си течат спoред предвидениот план и динаника. Еден од тренерите на светиниколската школа е Илија Јанев кој воедно е еден од првите тренери на Лазаров. Тој се сеќава на почетоците на Кире кој тренирал на игралиштето кое се наоѓа во непосредна близина на салата во која денес тренираат преку 40 деца кои се дел од школата на капитенот.

„Ракометот во Свети Николе има долга и богата традиција која трае веќе шеесетина години, со неколку позначителни клубски успеси во сениорска  а особено во младинските категории. На почетокот на деведестите години младинските екипи од Свети Николе се државните прваци во младинска категорија (1992 година) и пионерска конкуренција (1993 година). Во двете екипи, нашиот Капитен Кирил Лазаров  беше една од најважните алки на постигнатите успеси со што и почна неговата кариера достигнувајки ги светските врвови.“

„Имајќи в предвид дека Кире потекнува од ракометна фамилија, страста и љубовта кон ракометот ја стекна уште од најрана возраст. Паралелно со кариерните успеси, капитенот размислуваше и имаше огромна желба за формирање на ракометна школа за младниски екипи во градот од кој потекнува и по негова инцијатава, а со ангажманот на неговиот татко Благој Лазаров и јас како еден од неговите први тренери во 2009 година ја оформивме младинската школа “Лазарови”. Позитивните ефекти од работата и најважно од се, задоволството на децата кои ја посетуваа школата веројатно е една од причините поради кои Кире започна да размислува за проширување на школата низ целата држава. Подоцна оваа школа ќе стане дел од големиот проект на капитенот за формирање школа за ракомет на целата територија на Република Македонија под името”Кирил Лазаров 7″, ни изјави Илија Јанев или чичко Иле како што го ословуваме сите со оглед на неговата возраст, тој ова лето го прослави својот 60 роденден.

И секако првата асоцијација за Свети Николе е името на Кире кој секогаш кога е во можност знае да отиде до салата “Цар Самоил” во која работи неговата школа и да биде дел од тренингот.

“Уште од самите почетоци, школата има масовна посетеност од неколку возрасни категории почнувајќи од најмала возраст до кадетска конкуренција. Во изминатите години ракометната школа работи со над четериесет  деца,  натпреварувачката екипа тренира секој работен ден  а помалите категории понеделник среда и петок .Овде децата оние почетниците се стекнуваат со основите на ракометната игра. Освен целта за изучување на тајните во ракометот, посветено се работи и во насока на изградба на личности со вистински вредности  што секако ќе им користи во останатите области од животот. Во школата заедно со мене како тренер работи и некогашниот наш голман Илија Конев” ни раскажа личко Иле кои од оваа недела веќе е во сала.

Следна со работа започнува школата на капитенот во Струга, првиот тренинг е закажан за 6 август.

Се гледаме во сала!

2018-08-02T09:28:08+00:00 August 2nd, 2018|Св. Николе|0 Comments