Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија

//Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија

Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија

Младинската репрезентација на Македонија оствари голем успех и се пласира на Европското првенство. Момците на Данило Брестовац триумфираа на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако во финалето полесно од очекувањата ја совладаа Белорусија со 29:23 (15:10).

Во ниту еден момент од мечот не дозволивме пад во играта, Матеј Петковски блесна на голот со 14 интеревенции, па со леснотија ја одржувавме високата предност и не му дозволивме на противникот да фати резултатски приклучок.

По завршувањето на финалната средба избран е и идеалниот тим на првенството. Иако Македонија убедливо го освои шампионатот и на сите средби загуби само еден бод, во идеалниот тим на првенството имаше место само за нашиот Марио Танкоски, кој е избран за најдобар лев бек.

Македонија – Белорусија  29:23 (15:10)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 2000. Судии: Стефан Ивановиќ и Марко Вујисиќ од Црна Гора. Делегати: Николае Визитиу од Молдавија и Мирослав Баум од Полска.

Македонија: Кизиќ, Петковски (14 одб.), Јагуриновски 7/11, Димитриоски, Андонов, Танкоски 8/11, Димитровски, Стојановски, Шилегов 6/7, Серафимов 0/1, Арсеновски 6/7, Костески 0/1, Кукуловски, Петровски 1/1, Атанасовски, Мишевски 1/2.

Идеален тим:

Голман: Тригвасон (Фарски Острови)

Лево крило: Јоваисас (Литванија)

Лев бек: Танкоски (Македонија)

Среден бек: Хирик (Белорусија)

Кружен напаѓач: Бурзак (Украина)

Десен бек: Алјокин (Белорусија)

Десно крило: Дантино (Италија)

Најдобар дефанзивец: Новак (Швајцарија)

МВП: Руџ (Белорусија)

2018-07-30T14:42:55+00:00 July 30th, 2018|Главни Новости|0 Comments