Децата од школите на капитенот од Струга и Охрид ден од распустот поминаа на кампот со Лазаров

/, Охрид, Струга/Децата од школите на капитенот од Струга и Охрид ден од распустот поминаа на кампот со Лазаров

Децата од школите на капитенот од Струга и Охрид ден од распустот поминаа на кампот со Лазаров

Членовите на малата и големата група на ракометните школи ,,Кирил Лазаров 7″ од Охрид и Струга еден ден од својот училишен распуст поминаа на кампот со капитенот и останатите кампери од втората смена. Видно возбудени, среќните деца уживаа во средбата со Лазаров и децата од кампот. Поголем дел од нив за првпат го видоа и се поздравија со нивниот идол заради кого многумина го одбрале ракометот како спорт кој ќе го учат и тоа од толку мала возраст.

На кампот тие дојдоа со нивните родители и тренери охриѓанецот Наум Јамандиев и стружанецот Дејан Коцарески. Мислењето на двајцата тренери е едногласно, дека е убаво членовите да бидат заедно со што би го развиле тимскиот дух и дека оваа посета им дава можност да имаат престава како изгледа да се биде на камп, да се фотографираат со својот ракометен идол Кирил Лазаров и да добијат позитивен пример за својот понатамошен ракометен развој.

“Впечаток е дека и членовите и нивните родители се презадоволни од посетата и дека истата делуваше мотивациски на децата. Опкружувањето во хотелскиот комплекс Аквалина е комплетно подредено на ракометот и има добри услови за добивање нови ракометни знаења, како и за стекнување на нови пријателства и другарства. Ракометната школа “Кирил Лазаров 7″ во Охрид работеше преку целата година 3 пати неделно и заврши точно со почетокот на кампот кон крајот на јуни кога на членовите им започна летниот распуст. Истата продолжува со работа од септември” ни изјави професорот Јамандиев кој беше дел од тренерскиот тим на Лазаров во првата смена од кампот.

И нашиот тренер од Струга, Дејан Коцарески беше во тренерскиот тим во првата камперска смена. Тој со неговите ученици од струшката школа со задоволоство ја прифатија поканата на капитенот да го посетат кампот.

“Наместо редовните тренинзи, а симболично и за крај на тековната сезона децата од Школа за Ракомет Кирил Лазаров 7 – Струга одговорија на поканата на капитенот и го посетија четвртиот по ред камп “Кирил Лазаров 7” во комплексот на хотелот Аквалина покрај Охридското Езеро. Видно возбудени децата од двете групи ја искористија приликата да видат како изгледа професионално да се работи, тренира и 24 часа да се живее со ракометот, како и да се дружат, да му постават некое интересно прашање, и нормално да украдат по некоја фотографија со Кирил. Најмалите ги искористија прекрасните услови на терените за да покажат што научиле во текот на годината. Полни со силни впечатоци имаа што да раскажат дома и уште од сега се договорија со капитенот дека и следната година повторно ќе го посетат кампот. Сите групи од школото за ракомет “Кирил Лазаров 7″ од Струга после паузата од еден месец со нови сили продолжуваат со тренинзи од месец август” ни изјави Коцарески.

Останатите школи, 11 на број кој ги има во моментов Лазаров низ Македонија ќе започнат со работа од септември , паралелно со почетокот на учебната година.

Се гледаме во сала!

2018-07-14T21:04:10+00:00 July 14th, 2018|Главни Новости, Охрид, Струга|0 Comments