Биди најгласниот осми играч на нашата ракометна репрезенатација

//Биди најгласниот осми играч на нашата ракометна репрезенатација

Биди најгласниот осми играч на нашата ракометна репрезенатација

Нашиот партнер РЕХАУ, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, што во вечерва ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари. Поддршка која ќе биде и повеќе од потребна за остварување на целта – продолжување на настапите на големите смотри
Рехау ги кани сите навивачи да го посетат навивачкото катче што ќе биде поставено од 19.30 часот централно од главниот влез на ВИП Арената. Секој што ќе дојде ќе има можност на неговото лице да биде нацртано најубавото знаме на планетата, а ние за сите присутни ќе обезбедиме симболичен подарок.

Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8. Нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.
Биди најгласниот осми играч. Биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8. Заедно со РЕХАУ официјалниот партнер на македонската ракометна репрезентација.
Бараж натпреварот за пласман на СП Данска и Германија 2019 со репрезентацијата на Романија започнува во 20:30 часот.

Рехау и ти со срце за Македонија!

2018-06-09T21:29:04+00:00 June 9th, 2018|Главни Новости|0 Comments