Сонот мој е олимпијадата во Токио

//Сонот мој е олимпијадата во Токио

Сонот мој е олимпијадата во Токио

Зашто започна со ракомет ?
Почнав со ракомет, бидејќи татко ми беше добар ракометар. Тој се уште играше кога јас бев мал и секогаш ме носеше со него на натпревари и тренинзи. Малку по малку се заљубив во овој спорт. Од тогаш ракометот е во моето срце засекогаш.
Какви беа условите за тренинг кога започна да играш ?
Ако ги споредам условите тогаш и сега, има многу голема разлика. Тогаш немавме затворено игралиште, немаше ниту сала па моравме да играме на отворено, во секакви временски усливи , потешко е да тренираш на дожд и лошо време.
Дали се замислуваше во Нант 25 години подоцна ? И како се чувствуваш кога ќе погледнеш на твојата кариера ?
Кога бев мал, имав свои идоли и сакав да достигнам едно високо ниво, но никогаш не замислував дека денеска ќе бидам на ова ниво. Имам играно за повеќе европски топ клубови и имам освено неколку титули со нив. Исто така бев најдобар стрелец на едно ЕП исто така и на СП и во лигата на шампионите. Горд сум и среќен на овие успеси.
Кои се твоите идоли ?
Кога почнував да играм ракомет, мојот идол беше кошаркар, бидејќи на почетокот повеќе ја сакав кошарката. Неговото име е Тони Кукоч. Играше за селекцијата на ЕКС Југославија а подоцна во НБА за Чикаго Булс. Го носеше бројот седум и исто така беше леворак. Го гледав како играше имаше сосема друг стил на игра, што мене многу ми се допаѓаше. И денес многу често знаат да ме прашаат дали сум играл кошарка, бидејќи мојот стил заличува на кошарски.
Мораше да заминеш за Загреб, Хрватска многу млад. Какво искуство беше ова за тебе ?
Донесов одлука да ја напуштам Македонија многу млад. Беше многу тешко, не беше воопшто лесно. Морав да ја оставам фамилијата, мајка ми татко ми и брат ми, но доколку сакаш да ги исполниш твоите соништа мораш да донесеш ваква голема одлука и да направиш голем исчекор. Имав неколку понуди од различни земји но се решив за Хрватска, бидејќи е блиску до Македонија а и јазикот е многу сличен. Така решив да одам во Загреб, кој тогаш беше голем клуб а и сега е, одличен клуб со добра традиција и долга историја. Имаше одлични играчи кои имаа освоено многу титули со овој клуб и мислам дека не погрешив, дека ја направив вистинската одлука. Таму ја започнав мојата интернационална кариера, б останав неколку години и бев среќен во Загреб.
Претпоставувам дека си имал тешки моменти во твојата кариера ?
Сите спортисти поминуваат низ тежок период во некој дел од својата кариера и сите големи играчи, не само во ракометот, туку и во фудбалот и кошарката, ги имаат овие моменти. Мислам дека кога ќе ти се случи тоа мораш да бидеш силен. Ако си силен повторно ќе застанеш на нозе. Не е само да се издигнеш кога се оди добро и имаш подршка од сите, некогаш треба да се издигнеш и кога ништо не оди на добро. Тие што знаат како да го направат ова, се силни и затоа се најдобри. Имав многу вакви моменти. Среќа секогаш можев да застанам на нозе.
Играш во AeroCharge Хумел патики, и ти сам помогна во дизајнирање на овие патики.. Кажи ни нешто повеќе за нив
Играм во Хумел патики подолго време и сум навистина среќен со нив. Ги носам од 2008/09. Сум пробал многу други модели на патики но може да кажам дека Хумел се развива одлично и секогаш има нешто ново и секогаш е со подобри патики. Едни од нив се AEROCHARGE, и сум навистина среќен со нив. Пред да ги пуштат, Хумел разговараше со нас како се чуствуваме во патиките, што ни се допаѓа и што не ни се допаѓа кај нив, како може да се подобрат и константно ги подобруваат. Може да кажам дека овој ХУМЕЛ модел е најдобар до сега.
Какви се твоите идни планови ? Дали има нешто што не си исполнил ?
Имам сон што сакам да го исполнам. До сега има исполнето многу мои сонови, секој играч има свој сон што сака да му се оствари.. Не сум сигурен дали треба да го кажам ова јавно или не, но вистината е дека сакам да играм на Олимписките игри во Токио 2020 со Македонија. Можеби е полесно да се каже отколку да се оствари, особено за национален тим во кој ја претставувате земја од два милиони жители. Ќе го дадеме својот максимум, и тоа би било огромна награда доколку успееме. Би бил многу среќен ако го исполнам овој сон.
Што значи играњето за Македонија за тебе?
Да се игра за националната селекција, не само во Македонија туку било каде да си роден е прекрасно чувство. Играм за Македонија долги години со голема желба и страст. Тоа е чувство што не може да се опише. Тоа е нешто што не може да се купи со пари
Замисли доколку се вратиме во Македонија кога си имал 20 години, каков совет би си дал ?
Доколку би се вратил 20 години назад, мислам дека би си кажал дека би можел повеќе. Секогаш можете повеќе. Би тренирал многу посериозно. Кога си млад не ги сфаќаш работите како кога си постар. Ова се случува на секој. Доколку би се вратил 20 години назад, би бил поголем професионалец
Каде се гледаш во иднина ?
„Сакам да ги земам работите онака како што доаѓаат: ден за ден, чекор по чекор, недела за недела, година за година. Се гледам себе си во спортот. Се уште не сум одлучил што ќе правам по завршувањето на кариерата. Имам неколку идеи. Но, пред тоа размислувам за Олимписките игри. Се уште не можам да кажам ништо конкретно бидејќи се уште не сум донел конечна одлука. Сепак, речиси е сигурно дека останувам во спортот, но што конкретно, тоа ќе видиме“
Како тренер ?
Ќе видиме, стварно не знам.
2018-06-04T15:04:53+00:00 June 4th, 2018|Главни Новости|0 Comments