Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Ф4

//Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Ф4

Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Ф4

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако екипата на Нант беше поразена од Монпелје со 26-32.

Лазаров на денешната средба постигна шест погодоци и влезе во историјата на лигата на шампионите како најдобар стрелец на завршните турнири со вкупно 65 погододи. Капитенот ги мина Филип Јиха и Момир Илиќ на вечната листа кои имаат по 56 погодоци.

Ова беше четврто финале за Кирил Лазаров во Лигата на шампионите, во 2015 година со Барселона стана европски првак

2018-05-27T18:52:22+00:00 May 27th, 2018|Главни Новости|0 Comments