КЛ 7 Струга загуби квалитетно одигран натпревар во последна секунда

//КЛ 7 Струга загуби квалитетно одигран натпревар во последна секунда

КЛ 7 Струга загуби квалитетно одигран натпревар во последна секунда

Во квалитетен и крајно неизвесен натпревар, скопски Металург со завршниот удар на стружанецот Костески ја победи КЛ7 Струга со резултат 21:20.

Нашите момци на самиот старт на натпреварот влегоа многу мотивирано и со желба да се надигруваат сo “суперлигашот” Металург 2 кој пред мечот важеше за голем фаворит.

Кристијан Симоноски го одигра еден најквалитетните натпревари сезонава покажувајќи дека е поливалентен играч кој знае да асистира, “краде” топки и реализира кога е најпотребно. Во првиот дел и нашата 5-1 зона функционираше одлично и резултатот на полувреме беше +3 за КЛ7-Струга.
Кратката клупа на нашиот тим брзо дојде до израз и веќе во 40 минута резултатот на семафорот покажуваше дека ниту една екипа нема предност.

Во тој ритам натпреварот се движеше и до истекот на регуларните 60 минути кога Костески реализираше за пласман на Металург во финалето на младинскиот фајналфор.

За обележување на овој натпревар е и квалитетната игра на Пајкоски Филип и борбената игра на целиот тим во кој предничеа Попоски и Јовчев.

Честитки за домаќинот за коректниот и квалитетен натпревар.

РК Металург 2 – КЛ7 Струга 21:20 (8:11)

КЛ7 Струга: Петрески, Стрезоски, Стефаноски, Џигероски 9, Попоски, Јовчев 3, Гучески, Христоски, Шулески, Симоноски 4, Симоноски Ѓ, Матоски, Пајкоски 3, Ѓорговски, Стојков 1, Мемед.

Седмерци: 5/6 Исклучувања 12 мин

2018-05-10T15:30:21+00:00 May 10th, 2018|Струга|0 Comments