Balkan Handball: „КИРЕЛЕОН“ – Со различни бои по ист пат оди

//Balkan Handball: „КИРЕЛЕОН“ – Со различни бои по ист пат оди

Balkan Handball: „КИРЕЛЕОН“ – Со различни бои по ист пат оди

Велат бојата се менува, навиката никако. Уште кога е победничка…. Кирил Лазаров (38) по шести пат ќе игра на Ф4 турнирот во Лига на шампионите во Келн. Каде што оди македонскиот ракометен крал, таму картите за аеродромот во Келн се визираат на време. Доказ за тоа е и податокот дека Нант е четвртиот клуб со кој Лазаров од 2011 година доаѓа до завршниот турнир во Ланксес арената.

И кога Фрнцузите почнаа да „паѓаат“ во Скјерн и кога Данците стигнаа на 22:18, големиот квалитет и искуство на леворакиот ас дојде до израз. Со два постигнати гола, стисната дланка и заби, го „протурка“ својот тим, ги разбуди соиграчите и ги врати во живот. Затоа е и доведен.

Го започна Лазаров своето искуство во Келн со Сиудад Реал во 2011 година, а следеше и едно изгубено финале со Атлетико Мадрид следната година. Потоа следуваа и години на расплетот со Барселона, во кои на двапати остана без борба за финален меч, но еднаш и го подигна пехарот. Беше тоа во 2015 година, се сеќаваме и на солзи радосници од големиот ас во „хајалајт“ на една голема кариера.

Според дефиницијата што ни ја нудат Ф4 случувањата во Келн изминатава деценија, Нант и Монпење се најголеми фаворити за освојување на пехарот. Кого и да наречеш послаб и аутсајдер, нему веднаш шансите му растат. Без разлика на конечниот резултат од првиот Ф4 турнирт за францускиот тим, легендата за Кирил Лазаров младите ракометари во Македонија ќе ја пренесуваат од колено на колено…

Оригиналниот текст на Жика Богдановиќ од „Балкан Хендбол“ можете да го прочитате на следниот ЛИНК

2018-04-30T16:59:42+00:00 April 30th, 2018|Главни Новости|0 Comments