Лазаров, првиот Македонец на Ф4 во ЛШ со четири тима

//Лазаров, првиот Македонец на Ф4 во ЛШ со четири тима

Лазаров, првиот Македонец на Ф4 во ЛШ со четири тима

Нашиот капитен, Кирил Лазаров, по ремито на гостувањето кај Скјерн, се пласира на завршниот турнир во Келн и испиша нова историја, тој е првиот Македонец кој успеал да се пласира на Final4 со четири различни екипи.

Во пласманот, Лазаров имаше значајна улога во победите над данскиот Скјерн, откако во првиот натпревар постигна 3 голови, додека во вториот натпревар постигна четири погодоци

Пред настапот на Ф4 со француски Нант, Лазаров ја освои ракометната Лига на шампиони со Барселона (2014/15), додека битките за трофеј ги загуби со Атлетико Мадрид (2011/12) и Сиудад Реал (2010/11).

Покрај француски Нант, пласман обезбеди и македонскиот шампион РК Вардар, кој во Келн ќе се обиде да да ја одбрани титулата. Честитки и многу среќа.

Завршниот турнир ќе биде одржан 26/27 мај во Келн, а покрај Нант на Кирил Лазаров таму се пласираа, РК Вардар, ПСЖ и Монпеље.

2018-04-29T18:03:26+00:00 April 29th, 2018|Главни Новости|0 Comments